Поевтино од некои вили: На продажба цело село за 125.000 евра
Продажбата на цело место во источната германска сојузна држава Бранденбург привлече повеќе од 40 заинтересирани лица.
Алвин, „населба со селски амбиент“, би требало денеска да биде продаденa, а почетната цена изнесува 125.000 евра.
Лицето кое ќе стане сопственик на ова место ќе има на располагање подрачје од 16.000 квадратни метри во средина на шума, кое вклучува бројни станбени објекти, пренесуваат претставниците на аукциската куќа.
Населбата ја наследиле двајца браќа после обединувањето на Германија, а се продава откако починал еден од нив.