Поглавицата на Чероки до Jeep: Престанете да го користите името на нашето племе

Врховниот поглавица на племето Чероки побара од производителот на автомобили Jeep повеќе да не ја користи ознаката Cherokee на џиповите.

Jeep Grand Cherokee е бестселер на овој американски бренд, додека Jeep Cherokee е третиот најпродаван модел на брендот.

Американскиот производител неодамна претстави редизајнирана верзија на возилото Grand Cherokee, а компанијата продава теренци со името на индијанското племе веќе 45 години.

URL

„Мислам дека дојде време и за корпорациите, и за екипите во тимски спортови во оваа земја да се повлечат од употребата на имињата на Индијанците, сликите и маскотите што ги користат за своите производи и спортски натпревари. Сигурен сум дека тоа што го прават е добронамерно од нивна страна, но ние не сме почестени што името на нашето племе е залепено на автомбил“, рече Чак Хоскин Џуниор, врховен поглавица на племето Чероки, во писмената изјава објавена во Car and Driver.

„Имињата на нашите автомобили беа внимателно избрани и користени со текот на годините за да ги почестат и величаат Индијанците за нивното благородништво, херојство и гордост“, рекоа од Jeep.

„Посветени сме, повеќе од кога било, на отворен и чесен дијалог со поглавицата Хоскин“, се вели во соопштението на американскиот производител на автомобили.

URL

Од своја страна, Хоскин рече дека не гледа никаков договор што би бил прифатлив за него доколку Jeep продолжи да го користи името на племето на своите возила.

„Тоа е една од највредните работи. Тоа е дел од нашиот идентитет“, рече тој за CNN Business.

Car and Driver го покренаа ова прашање откако неколку други компании и спортски тимови објавија измени во нивните имиња и логоа кои ги искористуваат етничките стереотипи кога станува збор за Индијанците.

Минатото лето, Вашингтон Редскинс (црвенокожци) соопштија дека ќе се откажат од името и ќе викаат само фудбалски тим од Вашингтон. Неколку месеци подоцна, бејзбол тимот Кливленд Индијанс исто така објави дека ќе го смени името.

Jeep Cherokee првпат беше претставен во 1974 година, додека помодерниот изглед на Grand Cherokee се појави во 1993 година.

Моделот Cherokee го смени своето име во САД во 2001 година, но тоа име беше обновено во 2013 година на новата генерација на овој автомобил.

реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

Едно цвеќе е идеално за балконите кои повеќе се во сенка

Read more

Симптоми на висок крвен притисок кои се јавуваат за време на спиењето

Read more

Авто новости

Defender Octa: Тенк на терен, ракета на пат

Read more

Врвна прецизност и динамика: претставен новиот Cayenne GTS

Read more

Дали амонијакот може да биде алтернатива на фосилните горива?

Read more

Богати до небо: Колку заработува автомобилската индустрија?

Read more
 

Автомобили

  • filter

Defender Octa: Тенк на терен, ракета на пат

Читај повеќе

Новиот хиперавтомобил на MG забрзува до стотка за 1,9 секунди

Читај повеќе
  • filter

Врвна прецизност и динамика: претставен новиот Cayenne GTS

Читај повеќе

Дали амонијакот може да биде алтернатива на фосилните горива?

Читај повеќе

Богати до небо: Колку заработува автомобилската индустрија?

Читај повеќе
  • filter

Mazda SUV CX-80: Три реда седишта и за клиентите во Европа

Читај повеќе
  • filter

Први фотографии: Новиот Citroën C3 Aircross има 7 седишта

Читај повеќе

Пад во продажбата на автомобили, производителите го преиспитуваат укинувањето на бензинците

Читај повеќе
  • filter

Ford почна да прима нарачки за најмоќниот Mustang досега

Читај повеќе