Архитектура

Поглед на китовите одблизу: Норвешка ќе добие нова туристичка атракција

20. ноември 2019 - 15:45 | Б.С.Б.

Спектакуларна архитектонска градба, позната како „The Whale“, ќе биде новата атракција во Норвешка.

Отворањето на оваа градба, сместена 300 км северно од Арктичкиот круг, се очекува во 2022 година. Освен можноста да се види миграцијата на китовите одблизу, посетителите ќе имаат и неверојатен поглед на прекрасната природа.

Градбата ќе биде нова атракција која на посетителите на Анденес ќе им овозможи уникатно искуство со поглед на океанот, блиските планини и поларната светлина на небото.

Одбрано за изведба на проектот е данското архитектонско студио Dorte Mandrup. Објектот ќе се состои од изложбен простор, деловен простор, кафулиња и продавници. Посетителите ќе имаат можност да дознаат разни занимливости за жителите на подводниот свет.

Целта на проектот е да се зголеми свеста за китовите и да се едуцираат луѓето за важноста на нивното зачувување и животната средина.

Коментирај