Поглед во иднината - Mazda развива холографски контролни единици

Саемот SEMA полека привршува. Производителите и тјунерските куќи повторно се собраа во Лас Вегас, за да го претстават најдоброто со кое располагаат во областа на дизајнот, технологијата и доработката.

Само Ford покажа 40 фасцинантни концепти на штандовите, а Honda исто така настапи со импресивна флота. Nissan е уште еден јапонски производител кој привлече големо внимание, додека Mazda отсуствуваше.

Сепак, тоа не значи дека овој култен бренд нема со што да се пофали, напротив.

Имено, до Американската канцеларија за заштита на патенти е поднесено барање за заштита на патент во врска со прилично фасцинантен систем. Станува збор за интересна иновација, која подразбира замена на физички контролни единици со виртуелни, пишуваат Вреле Гуме.

Во основа, она што го замисли Mazda е проектор кој може да проектира холографски приказ на површина. Кога корисникот ќе стави прст на виртуелното копче, сензорот во проекторот открива промена во шемата на проектираната слика.

Сензорот е способен да ја открие насоката во која прстот ја допира површината. На овој начин, промената на поставките може да се забрза.

На пример, ако инфозабавниот систем е поставен на „тивкo“, држењето на „копчето“ што покажува „горе“ со поголема сила од нормалното му овозможува на системот да препознае дека сакате значително да го засилите звукот. Истото важи и за климата, да речеме.

Тоа е навистина одлична идеја, која би можела да ги извади физичките компоненти од употреба и да го револуционизира минималистичкиот дизајн, но сигурно е дека допрва треба да се надминат многу пречки.

Тагови
реклама

Месечен хороскоп за април: Три знака ќе имаат животен пресврт

Read more

Том Хенкс со години се бори со тешка болест која ја добил поради улога

Read more

Зошто Германија и Јапонија сериозно се вооружуваат?

Read more

Пресврт - iOS 17 ги носи најбараните функции на iPhone

Read more

Концепти

Lamborghini Urus го помина ирскиот третман во Carlex

Read more

Камп-приколка како врвен луксуз: Porsche прави чуда

Read more

Mansory во свој стил го модифицираше Ferrari SF90 Spider

Read more

Претставен првиот концепт за полициски летечки автомобил

Read more
 

Автомобили

  • play_arrow

Како да го отворите капачето на резервоарот кога е заглавено?

Читај повеќе
  • play_arrow

Renault го претстави новиот Espace

Читај повеќе
  • play_arrow

Подобро и од легнат полицаец

Читај повеќе

Volkswagen откри што е потребно да се произведе е-автомобил од 20.000 евра

Читај повеќе
  • filter

Легендарниот Mercedes 230 SL денеска слави 60-ти роденден

Читај повеќе

Дали смее моторот да работи додека полните гориво?

Читај повеќе

Бензинците сè попопуларни во Германија

Читај повеќе

Постигнат е договор за дизел и бензински возила во ЕУ

Читај повеќе

Volkswagen потврди: Доаѓа новиот Passat

Читај повеќе