Американските медиуми објавија фотографии од луксузната вила на поп-пејачката Кејти Пери во Лос Анџелес. Имотот вреди 9,5 милиони долари и се состои од четири одделни градби: главна куќа во медитерански стил, двокатна куќа за гости со гаража, дел предвиден за фитнес и посебен простор за членовите на обезбедувањето.
Вилата има и базен, скара на отворено, камин и фонатана, како и два хектари земјиште. Имотот од вчера е ставен на продажба.