Поглед во луксузната вила на Шакира и Пике, сега е на продажба

Откако колумбиската пејачка Шакира и шпанскиот фудбалер Жерард Пике постигнаа договор за нивната разделба, дуото наводно се согласило да ја продаде својата спектакуларна вила во Барселона во која претходно заедно живееја.

Имено, парот минатата недела постигна договор за старателство, според кој пејачката ќе се пресели во Мајами со двата сина Милан и Саша. Шпанските медиуми сега пишуваат дека парот одлучил да ја продаде куќата во која живееја заедно, а нејзината цена се очекува да биде меѓу 10,5 и 12 милиони фунти.

Вилата на Шакира и Пике од 380 квадратни метри се наоѓа во Есплугес де Љобрегат, приватна област на околу половина час возење од центарот на градот.

Фотографии од вилата се појавија на Twitter профилот на Socialité, давајќи поглед во домот на познатата поранешна двојка. Можете да го видите пространиот дизајн во неутрални бои и модерен мебел, додека се наѕира спектакуларен поглед на градот.

URL

Вилата има и мало фудбалско игралиште изградено од Пике, додека има и свое студио за снимање и теретана.

Поранешниот пар често споделуваше фотографии и видеа од нивниот дом.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Shakira (@shakira)

Инаку, Пике моментално живее во пентхаус со својата нова девојка Клара Чиа Марти, додека Шакира останува во семејниот дом. Се очекува пејачката да се пресели на почетокот на 2023 година, откако нејзиниот татко ќе закрепне доволно за да патува.

„Потпишавме договор за старателство. Наша единствена цел е да им обезбедиме на нашите деца најголема безбедност и заштита и надеж дека ќе можат да продолжат со својот живот во безбедна и мирна средина“, се вели во заедничката изјава.

Угледниот каталонски весник El Periodico откри дека Пике ќе биде со децата 10 дена во месецот, почнувајќи од следната година, плус празници.

Тоа значи дека пензионираниот фудбалер ќе мора да го подели времето меѓу Шпанија и САД, што веќе наметнува претпоставки дека и Шпанецот ќе бара некое сместување на Флорида, за да има постојана база на тие простори.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Димитриевски до Пендаровски: Разликата е огромна, откажете се од оваа битка и оставете нè да победиме во вториот круг

Read more

Силјановска Давкова за убедливото водство: Напати се срамам, зарем е можно толку многу луѓе вака да реагираат

Read more

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Read more

Архитектура

Со бетон што апсорбира CO₂ изградена куќа во Јапонија

Read more

По 144 години, Саграда Фамилија конечно ќе биде завршена

Read more

Топ 20 мегапроекти што треба да бидат готови во 2024 година

Read more

Зетот на Трамп објави фотографии од луксузни архитектонски проекти за Србија и Албанија

Read more
 

Магазин

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Читај повеќе
  • play_arrow

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Читај повеќе

Каде грешиме со појадокот и поради тоа имаме проблеми со надуеност?

Читај повеќе

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Читај повеќе

5 знаци кои покажуваат дека не јадете доволно

Читај повеќе

Милано размислува да забрани продажба на сладолед по полноќ

Читај повеќе

Дали можете да ги најдете сите 12 животни во оваа илустрација?

Читај повеќе

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Читај повеќе

Три знаци кои ги откриваат нарцисоидните мајки

Читај повеќе