Поглед во луксузниот плакар на поп-дивата Мараја Кери
Американската поп-дива Мараја Кери го отвори нејзиниот луксузен плакар во домот во Њујорк за тимот на модното списание „Vogue“.
Доволен е само еден поглед за да се уверите дека Мараја никогаш не изгледа кежуал: светки на фустаните, светки на чантите, светки на чевлите, светки насекаде.
Покрај бројните скапи брендирани парчиња, славната пејачка има и уникатни примероци, како чантата Hermes Birkin за која нагласи дека ѝ е подарок од боксерскиот шампион Флојд Мејведер.