Поглед во новиот McLaren 765LT Spider
McLaren ќе произведе само 765 примероци од моделот 765LT Spider, a за него ќе треба да се одвојат нешто повеќе од 363.000 евра.
Го движи 4-литарски биттурбо V8 мотор кој развива 765 КС и 800 Nm максимален вртежен момент.
Од 0 до 100 км/ч забрзува за 2,8 секунди, а од 0 до 200 км/ч потребни му се само 7,2 секунди.