Поглед во новиот трејлер за Top Gear
Објавен е нов трејлер за 26 сезона на Top Gear, во него се најавува дека наскоро пристигнуваат новите епизоди. Претходните почнуваа кон крајот на февруари и почетокот на март, па се претпоставува дека BBC ќе продолжи така и оваа сезона.
За последен пат водители се Мет Лебланк, Крис Харис и Родри Рид. Харис е единствениот кој ќе остане во емисијата и во наредните сезони. Лебланк најави дека заминува, а Рид ќе се посвети на емисијата Extra Gear.