
Xiaomi објави официјално видео за oтпакувањето на Mix 4. Видеото покажува дека Mix 4 пристигнува во голема кутија во која се наоѓа полначот од 120W и кабел за полнење.
Неодамна го претставија смартфонот Mix 4 и го означија за прв флегшип кој го отфрли познатото „Mi“ од името.
Mix 4 пристигнува 6,67-инчен заоблен OLED екран со резолуција од 1080 пиксели и фреквенција на освежување од 120 Hz.
Mix 4 го доби новиот Qualcomm Snapdragon 888 Plus процесор и 8/12 GB RAM и 128/256/512 GB интерна меморија.
Главната камера има 108 MP, ултрашироката камера има 13, а перископската телефото камера има 8 MP со 5х зумирање. Го напојува батерија од 4.500 mAh која поддржува 120W и 50W безжично полнење. Се полни за само 15 минути со полнач, а за 28 минути со безжично полнење.
Погледнете го видеото: