Поглед во освежениот и луксузен Bentley Bentayga Hybrid
Bentley планира да ги електрифицира сите свои модели до 2023 година и во 2025 да претстави потполно електричен модел.
Освежениот Bentayga Hybrid се придружува на редизајнираните модели Bentayga и Bentayga Speed, a го движи комбинација од 3,0-литарски бензин и електричен мотор кој испорачува 443 коњски сили и 700 Nm максимален вртежен момент.
Од компанијата ветуваат дека батеријата од 17,3 kWh има животен век од 160.000 км, односно 8 години. Полнењето на батеријата од 0 до 100 % трае два и пол часа.
Погледнете ја галеријата.