Поглед во подводниот свет на Будимпешта
Престолнината на Унгарија секоја година привлекува голем број туристи кои доаѓаат за нејзината историја, култура, архитектура и гастрономија.
Меѓутоа, во последно време, Будимпешта стана атракција за нешто сосема поразлично: привлекува љубители на вода. Тоа нема врска со реката Дунав што тече низ градот, туку со локациите за нуркање во пештери под градот.
Под големиот град има цел подземен и подводен свет што нуди несекодневни авантури за љубителите на нуркањето.