Поглед во рачната конзола на Logitech која пристигнува годинава

Изгледот на рачната cloud конзола за игрици на Logitech е откриен неколку недели откако компанијата навести дека работи на нов уред.

Logitech G и Tencent Games ги потврдија плановите за рачна гејмерска конзола претходно месецов, при што познатиот типстер од Twitter, Еван Блас, објави фотографии од конзолата кои откриваат дека има пристап до Google Play Store, како и поддршка за Xbox Cloud Gaming и Nvidia GeForce Now услугата.

Logitech G Gaming Handheld е приближно со иста големина како и конзолата Switch на Nintendo, па дури користи сличен интерфејс за прегледување на апликации и игри. Една фотографија ги прикажува апликациите Chrome и YouTube, како и иконите Xbox, Nvidia и Steam. Откако Блас ги објави фотографиите, Logitech брзо поднесе жалба за отстранување на фотографиите од Twitter, со што на некој начин ја потврди автентичноста на уредот.

Пристапот до продавницата на Google Play значи дека конзолата треба да може да ги покренува најновите мобилни игрици и треба да биде фокусирана на cloud гејминг. Logitech никогаш не ја спомна поддршката за Android, во најавата претходно месецов, наместо тоа се фокусираше на поддршка за различни услуги за cloud игрици.

Белата конзола има две аналогни палки, D-Pad, како и копчиња Y, B, A и X. Има и четири копчиња напред (Logitech, home, menu и context menu). Исто така, има две бамбер копчиња и два прекинувача, исто како и повеќето модерни контролери.

Сè уште не е јасно колкав е екранот на конзолата на Logitech, но една фотографија открива потенцијално mute копче и microSD слот за проширување на меморијата.

Конзолата на Logitech би можела да биде првата што ќе ја користи новата платформа G3x на Qualcomm. Најавен минатата година, чипот G3x е дизајниран за рачни конзоли како Steam Deck и Switch, а има Adreno GPU единица способна да ги покренува најновите мобилни игрици.

Досега, само уредот со developer kit на Razer е виден, кој користи G3x, заедно со 6,65-инчен OLED екран со стапка на освежување од 120 Hz.

Logitech ќе ја претстави конзолата подоцна оваа година, а фотографиите се појавија неколку месеци откако Valve го претстави својот Steam Deck, кој го трансформираше гејмингот на компјутер. Steam Deck поддржува услуги за cloud гејминг, како што се Stadia и Xbox Cloud Gaming, но дефинитивно има простор за Android алтернатива што може да покренува cloud игрици и не зависи од мобилен телефон.

Тагови
реклама

Со едноставен водоводџиски трик ослободете се од смрдеата од одводот

Read more

Трик со омекнувачот за облеката да мириса убаво и до седум дена

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Во која храна ги има трите минерали најважни за тироидната жлезда?

Read more

Гејминг

Што донесе бесплатното ажурирање за Gran Turismo 7?

Read more

Гејминг симулаторот Pagani Huayra R изгледа импресивно

Read more

Гејмерите имаат можност бесплатно да ја пробаат Cyberpunk 2077

Read more

Не оди сѐ по планот: За GTA VI веројатно уште долго ќе чекаме

Read more
 

Гик

Астронаутите ќе однесат растенија на Месечината во 2026 година

Читај повеќе

Како да го изберете вистинскиот паметен телефон за вас?

Читај повеќе

Откријте го врвното искуство на гледање со FUEGO Electronics и новата серија 720GTV на Google TV

Читај повеќе

Телескопот Euclid се одмрзна и повторно ѕирка во темната вселена

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Што донесе бесплатното ажурирање за Gran Turismo 7?

Читај повеќе

Климатските промени ја забавија ротацијата на Земјата

Читај повеќе

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Читај повеќе
  • filter

Гејминг симулаторот Pagani Huayra R изгледа импресивно

Читај повеќе

Драмата продолжува: TikTok под истрага, ѝ се заканува тужба

Читај повеќе