Јапонската компанија за тјунирање 3D Design посвети внимание на BMW M4 и го направи уште подобар.
Во споредба со стандардната Серија 4, новиот М4 изгледа поагресивно со новите гуми, поинаква хауба и предна маска. Новиот дизајн не им се допаѓа на сите, па јапонската компанија за тјунирање подготви нов пакет за G82 M4.
Промените се суптилни, но сепак прават голема разлика.
Напред е карбонскиот спојлер кој придонесува за поелегантен изглед, нов сет фелни со пет краци кои моделот го прават да биде поубав во однос на стандардниот.
Во внатрешноста се алуминиумски педали кои можат да бидат изработени и од карбон.
Што се однесува до силата, тјунирот може да ја зголеми до 577 КС.