Mercedes AMG GLE 63 S Coupe е одличен SUV и без тјунирање, но компанијата PerformMaster го направи уште подобар.
Благодарениот на нивниот PEC тјунинг модул, автомобилот развива 702 КС и 965 Nm максимален вртежен момент.
Од 0 до 100 км/ч забрзува за 3,6 секунди. Максималната брзина изнесува 300 км/ч.
SUV со фабричката конфигурација испорачува 603 КС и 850 Nm максимален вртежен момент, а до „стотка“ забрзува за 3,8 секунди.
GLE 63 кој испорачува 563 КС и 750 Nm максимален вртежен момент е поспор за 0,2 секунди.
Mercedes-AMG GLE 63 S Coupe во Германија чини најмалку 142.585,80 евра.