Поглед во замрзнатиот руски град
Градот Воркута некогаш бил симбол на советската индустриска моќ, а денес е речиси напуштен и замрзнат. Делови од градот се како ледена бајка, замрзнати во времето.
Воркута настанал во 1932 година како централен логор и административен центар за околните логори, каде затворениците биле носени на принудна работа.
Суровите климатски услови допринесуваат температурите да се симнат и до -52 степена, а со тоа Воркута да биде најстудениот европски град. Се наоѓа на крајниот север од европскиот дел на Русија, внатре во Арктичкиот круг.