Погледнете го новиот пикап Volkswagen Amarok од секој агол
Volkswagen официјално со онлајн премиера ја претстави целосно новата втора генерација на својот популарен модел од програмата за комерцијални возила. Во новото издание, Amarok носи исклучителна палета на мотори и технологија, но и интересна соработка која овозможи проширување на гамата на овој модел.
Volkswagen направи одлична работа со првата генерација на Amarok, која брзо беше прифатена како многу способен и издржлив пикап, особено на пазарите кои традиционално се големи потрошувачи на такви автомобили.
Можеби најважното нешто за новата генерација на Amarok е фактот дека за оваа генерација Volkswagen склучи партнерство со Ford, па така новиот Amarok е изграден на истата платформа како и Ford Ranger. Благодарение на оваа размена на платформи и технологија, Amarok има побогат избор на мотори и технологија, а можно е да се избере и со еден од петте понудени мотори.
Повеќе прочитајте ТУКА.