Погледнете го трејлерот за новата серија на Netflix
Познатиот американски режисер, Рајан Марфи, кој се прослави со сериите како што се „Glee“ и „American Horror Story“, се шпекулира дека за 300 милиони долари помина од 20th Century Fox во Netlix, a неговата прва серија ќе биде достапна од 27 септември и е веќе најпопуларен проект.
Се работи за серијата „The Politician“ која го следи главниот лик Пејтон Хобарт, богат средношколец од Санта Барбара, кој од мал е уверен дека ќе биде претседател на САД. За да го оствари тој сон, мора успешно да плива во политичките води во училиштето и да внимава на својот имиџ. Иако станува збор за црна комедија, оваа серија нуди единствен увид во кариерата на еден млад политичар.