Во рамките на проектот „Култура во време на корона“ што се реализира од страна на Град Скопје во соработка со градските културни установи, денеска во 12 часот ќе се одржи онлајн изложбата „Малите суштества од Карантина“ на Ненад Тонкин.
Тонкин е мултидисциплинарен уметник и нереализиран професор по предучилишно воспитание. Во полето на визуелната уметност создава концептуални скулптури и инсталации, цело време размислува за сценски дизајн и театар, кога наоѓа време и желба продуцира и компонира електронска музика, а во кујна ужива да се занимава со тесто, стои во најавта за настанот.
„Малите суштества од Карантина“ е имагинативна приказна за пет мали суштества кои немо го сведочат животот на две човечки битија и една мачка затворени во стан за време на карантинска изолација. Неприметни и воајерски потсокриени, малите суштества ги забележуваат сите секојдневни или несекојдневни дејства, навики и случки во тој стан за време на полициски час од утро до мрак.
Изложбата може да ја погледнете во 12 часот на следниот ЛИНК.