Доаѓањето на дефанзивецот на Ливерпул, Ибрахима Конате, на собирот на француската репрезентација привлече големо внимание, а сето тоа поради неговиот необичен изглед.
Ако досега во францускиот тим Жил Кунде вообичаено се истакнуваше со смели и многу чудни комбинации на облека, Ибрахима Конате отиде чекор подалеку од сѐ што е видено досега.
Стоперот на Ливерпул ги изненади сите со пристигнувањето со необична качулка закопчана на целата глава, а во таа прилика се пошегува со новинарите:
„Не знаете кој сум јас, обидете се да погодите“, им порача Конате на насобраните новинари кои побараа од него да ја откопча качулката.
„Јас сум!“ викна Конате откако го откри своето лице.
💬 « Vous ne savez pas qui je suis ? »
— L'ÉQUIPE (@lequipe) October 7, 2024
L'arrivée mystérieuse de... Konaté à Clairefontaine !#lequipeFOOT pic.twitter.com/yBPXY37AcF
Конате дојде во Ливерпул во 2021 година од Лајпциг во трансфер вреден 40 милиони евра, а претходно настапуваше за Сошо и младите категории на Париз.
Во дресот репрезентацијата на Франција досега има одиграно 17 натпревари без постигнат гол.