Живот

Поголема од вообичаено: На небото вечерва ќе има „розова Месечина“

19. април 2019 - 13:23 | Кајгана/МИА
Скопје, 19 април 2019 (МИА) – Априлската полна Месечина, попозната како „розова Месечина”, ќе се случи вечерва.

Месечината денеска ќе изгледа поголема од вообичаено, бидејќи е три дена оддалечена од перигејот – точката во месечевата орбита кога таа е најблиску до Земјата.

„Розовата Месечина” го добила називот не по својата боја, туку по розовиот див цвет флокс кој цвета во рана пролет, а името ѝ го дале домородните Американци.

Месечевиот диск, сепак, може да добие црвеникави и портокалови нијанси.

Следната полна Месечина ќе биде на 18 мај. 

Коментирај