Регион

Погребан Оливер Ивановиќ, цела Србија му оддаде почит

18. јануари 2018 - 18:02 | Макфакс

Оливер Ивановиќ е погребан во Алејата на заслужните граѓани на Новите гробишта во Белгард. Пред семејството и странски колеги, од Ивановиќ се опростија голем број граѓани од цела Србија, кои од утрото му оддаваа почит на убиениот политичар од Косово и Метохија, во тишина палеа свеќи и оставаа цвеќиња.

Пред црквата Свети Никола опело служеше епископот Рашко, призренски Теодосиј, во присуство на патријархот Иринеј.

Како што пренесуваат српските медиуми, сопругата на Оливер, Милена Ивановиќ, рекла дека со синот веќе никогаш нема да се вратат на Косово.

„Синот и јас завршивме со Косовска Митровица, градот на стравот, темнината и болката. Нашиот Оливер го даде својот живот за Косово и за српскиот народ и кога молеше за помош, бараше заштита, немаше никој. Сега велат дека бил херој, а каде беа тие кои сега го величат кога ни беа најпотребни?“ рекла Милена Ивановиќ, пренесе Телеграф.рс.

Владиката Теодосиј рекол дека Оливер бил почитуван на Косово и во Србија, но и во странство и дека не ретко го почитувале и Албанци, како и дека длабоко на сите ќе им недостига.

Делегација на Владата на Србија, ја предводеше премиерката Ана Брнабиќ и директорот на канцеларијата за КиМ, Марко Џуриќ.

На Новите гробишта присуствуваа и поранешниот претседател на Србија Томислав Николиќ, министрите Расим Љајиќ, Ивица Дачиќ, Александар Вулин, Бранко Ружиќ, Ненад Поповиќ и други.

Коментирај