Чек дис аут

Поимот „куќа на тркала“ доби ново значење

9. февруари 2019 - 13:31 | К.З.

Група руски ентузијасти решија да направат „куќа на тркала“, која ќе ги извршува двете функции на автомобил и куќа во која може да се живее. Во нивниот проект користеа старо UAZ комбе на кое ја изградија малата дрвена куќичка.

Најновиот проект на руската екипа која нивните необични трансформации ги објавува на YouTube каналот Garage 54 е вистинска куќа на тркала.

На првото видео, иновативните Руси ги направија првите чекори кон градење и опремување на куќата на тркала, со тоа што на шасија од старо руско комбе од марката UAZ поставија основа од она што требаше да биде вистинска мала куќа во која може да се живее.

Второто видео ги покажува момците од екипата Garage 54 како го завршуваат проектот, вклучувајќи и вградување на фарови и помошни светла, за нивната куќа на тркала да наликува на автомобил.

Иако нејзината практична употреба е под знак прашалник, а прегледноста при возење не е на завидно ниво, сепак оваа куќа на тркала може навистина да се движи. Селењето само што стана полесно.

Коментирај