Поинаков рецепт за лазањи - наместо печење, се варат како гулаш

Овие лазањи се прават како гулаш, сите состојки се мешаат во тенџере и се варат.

Лазањите се италијански специјалитет кој се прави така што се редат кори, сос, месо или друга состојка (во зависност од рецептот) и моцарела. На крајот сето тоа се пече во рерна, па се сервира. Денес постојат безброј верзии за ова познато јадење, а ние ви предлагаме еден наједноставен рецепт кој ќе го збогатите со спанаќ и печурки. Според овој рецепт лазањите се подготвуваат како гулаш, така што сите состојки се мешаат во едно тенџере и потоа се готват додека не омекнат. Дефинитивно треба да се проба.

Потребни состојки:

  • 2 лажици маслиново масло
  • 2 кромид
  • 1 црвена пиперка
  • 4 чешниња лук
  • 900 гр мелено месо (по избор)
  • ½ лажичка сол
  • ½ лажичка бибер
  • 10 печурки
  • 120 мл црвено вино
  • 1 л билјон
  • 2 конзерви пелат (ситен)
  • 2 лажици доматно пире
  • 1 лажичка шеќер
  • 1 лажица суво оригано
  • 1 лажица сува мајчина душица
  • 8 листови лазања
  • 60 мл крем за готвење
  • 100 гр беби спанаќ
  • 100 гр чедар
  • 50 гр пармезан
  • 2 лажици сечкан свеж магдонос

Подготовка:

Ситно сечканиот кромид пржете го додека не омекне, па додадете сечкана пиперка и толчен лук. Промешајте и оставете уште минутка, па додадете мелено месо. Посолете, побиберете и пржете додека не биде готово, повремено мешајќи. Потоа додадете сечкани печурки и сипајте црвено вино, па остравете да се динста некои 5 минути. Добро измешајте и додадете булјон, пелат, доматно пире, шеќер, оригано и мајчина душица. Оставете да проврие, па намалете ја температурата и додадете искршени листови лазања. Гответе околу 20-25 минути, повремено промешувајќи. На крајот додадете павлака за готвење и измешајте, па исклучете го шпоретот. Додадете спанаќ, па пред сервирање посипете рендан чедар и пармезан, како и магдонос.

Remote video URL
реклама

Хиперсоничен авион ќе патува од Европа до Австралија за само 4 часа

Read more

Познати цените за новите Москвич модели

Read more

Италија го забрани ChatGPT, трката за развој излезе од контрола

Read more

Колку долго човек може да остане буден?

Read more

Рецепти

Зелени тестенини со печурки и свински врат

Read more

Брзо и лесно, подобро од болоњезе: Паста со мелено месо и спанаќ

Read more

Гурмански специјалитет: Похувано бело месо со раскошно полнење

Read more

Рецепт на денот: Гурмански плескавици од рерна

Read more
 

Магазин

Најлошата првоаприлска шега: Кога Google направи хаос со мејловите

Читај повеќе

Шест заблуди кои ви го уништуваат сексуалниот живот

Читај повеќе

Кои се можните причини за вртоглавица?

Читај повеќе
  • play_arrow

Кои се 15-те најбрзи авиони во светот?

Читај повеќе

Љубовен хороскоп за април 2023 година

Читај повеќе

Како да знаете дека ви недостига витамин Ц?

Читај повеќе
  • play_arrow

Стјуардеса стана интернет сензација откако ослабе 100 килограми

Читај повеќе

Зелени тестенини со печурки и свински врат

Читај повеќе

Јадењето навечер дебелее: Мит или вистина?

Читај повеќе