Поинаква суперхеројска приказна: „Project Power“ со Џејми Фокс и Џозеф Гордон-Левит
Netflix го објави трејлерот за суперхеројската сај-фај акција „Project Power“ со Џејми Фокс и Џозеф Гордон-Левит во главните улоги.
Филмот е дело на режисерското дуо Хенри Џост и Ариел Шулман, работен по сценарио на Матсон Томлин (The Batman).
Премиерата е закажана за 14 август.
Премисата е следна: опасна дрога се појавува на улиците на Њу Орлеанс – ти дава пет минути со супермоќи, уникатни за секој „корисник“.
Сега си суперхерој или негативец на Марвел, на цели пет минути. Што ќе направиш?