Појадок што може да ве заштити од рак на дебелото црево

Според податоците на Американското здружение за рак, дијагнозите кај лица помлади од 55 години сочинувале 11 проценти од случаите на рак на дебелото црево во 1995 година, но тој број се удвоил на 20 проценти до 2019 година.

„Очигледно нешто се случува што ги прави младите луѓе ранливи на начини на кои претходните генерации не биле“, изјави Ребека Кем, епидемиолог.

„Ако генетските промени се причина за овој тренд, би очекувале постепен пораст низ повеќе генерации - не нагло зголемување какво што гледаме во последните неколку децении“, додаде таа.

Една од најприфатените хипотези е дека високо преработената храна, која помладите генерации ја консумирале како деца, е причина за рак на дебелото црево. Добро е познато дека тие намирници можат да доведат и до кардиоваскуларни болести, дебелина, воспаленија (кои можат да поттикнат цела низа други здравствени проблеми) и дијабетес тип 2. Се разбира, избегнувањето на таква храна е препорачливо, но кога станува збор за ризикот од рак на дебелото црево, можно е да се намали со додавање на одредени намирници во исхраната. Во тој контекст, една нова студија покажа дека консумирањето јогурт може да ја намали зачестеноста на одредени видови колоректален карцином, пишува BestLife.

Како јогуртот може да го намали ризикот од рак на дебелото црево?

Студија објавена во списанието Gut Microbes анализирала прехранбени и здравствени навики на повеќе од 150.000 луѓе во текот на три децении. Истражувачите од Mass General Brigham, исто така, проучувале 3.000 случаи. Тие заклучиле дека консумирањето јогурт со текот на времето може да заштити од рак на дебелото црево преку промени во цревната микробиота, се наведува во соопштението за медиумите.

Конкретно, лицата кои јаделе јогурт два или повеќе неделно имале 20 отсто помала зачестеност од видот на рак кој се појавува на десната страна на дебелото црево.

„Одамна се верува дека јогуртот и другите ферментирани млечни производи се корисни за здравјето на дигестивниот систем“, вели еден од водечките автори на студијата, д-р Томотака Угаи од Одделот за патологија во Бригам и Одделот за епидемиологија на Harvard T.H. Chan School of Public Health.

Со оглед на тоа што јогуртот содржи живи бактериски култури, научниците веруваат дека таа храна може позитивно да влијае на цревната микробиота и со тоа да штити од рак на дебелото црево.

реклама

Џереми Кларксон за Илон Маск и Tesla: Ве предупредив пред 17 години, не ме послушавте

Read more

Уште една земја го призна Косово

Read more

Полска се подготвува за војна, но кој е подготвен да умре за државата?

Read more

Скокнаа цените на нафтата

Read more

Здравје

Како да го зајакнете имунитетот со едноставни промени во исхраната?

Read more

Најевтината храна за појадок го намалува холестеролот и дава енергија

Read more

Што се случува во телото по само пет дена јадење брза храна?

Read more

Која храна најмногу ги оштетува забите?

Read more
 

Магазин

Како помрачувањето на 29 март ќе влијае на вашиот хороскопски знак?

Читај повеќе
  • play_arrow

Нереалниот план за лебдечки аеродром во Лондон вреден 76 милијарди долари

Читај повеќе

Две промени што треба да ги направите ако сте престанале да слабеете

Читај повеќе
  • play_arrow

Пилешко со компири во слатко-кисел сос

Читај повеќе
  • play_arrow

Урнебесни одговори: Mладите белграѓани не знаат кој бил Тито

Читај повеќе

Како да го зајакнете имунитетот со едноставни промени во исхраната?

Читај повеќе

Предмети од домаќинството кои никогаш не треба да се чистат со вода

Читај повеќе

Кога е вистинското време бебето да почне да спие во своја соба?

Читај повеќе

Каков чај треба да пиете навечер за да заспиете побрзо?

Читај повеќе