Фудбал

Покажа зошто е легенда: Сколс со генијално додавање одушеви на 44 години

13. септември 2019 - 15:39 | А.С.

Натпреварот меѓу легендите на Манчестер Сити и поранешните ѕвезди на Премиер лигата, што наедно беше официјалното збогување на Винсент Компани од фудбалот, го одбележаа одлични потези на некогаш врвните фудбалери, а меѓу нив посебно се издвои едно додавање на Пол Сколс (44) што ги покажа неговите неповториви вештини со топка.

Поранешниот играч за врска на Манчестер Јунајтед во 57-мата минута направи генијале потег, кога со надворешниот дел од стапалото ја проследи топката до напаѓачите, одушевувајќи ги присутните на Етихад.

На средбата требаше да настапи Компани, но Белгиецот не играше поради повреда. Беше планирано во првото полувреме да игра за Сити, а во второто за екипата на легендите на Премиер лигата.

Коментирај