Покренато обвинение за седуммина насилни учесници на протестите за „Монструм“

Основното јавно обвинителство Скопје денеска до Основниот кривичен суд Скопје поднесе обвинителен предлог против седуммина учесници на протестите во врска со пресудата за предметот „Монструм“.

Како што соопшти Јавното обвинителство, за шестмина од нив претходно беше поведена постапка и беше им определена мерка притвор. Сите се обвинети за кривично дело „учество во толпа“ што ќе изврши кривично дело согласно член 385 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

Заедно со обвинителниот предлог, скопското обвинителство предложило и да им биде продолжена притворската мерка со цел нивно обезбедување во текот на кривичната постапка.

„За истото кривично дело поднесен е обвинителен предлог и против уште едно лице, за кое Обвинителството на Судот денеска му предложи да определи мерка притвор, поради опасност од бегство и можност да го повтори делото“, велат од Обвинителството.

Основното јавно обвинителство Скопје ги гони седумтемина обвинети, бидејќи на 26 февруари, како учесници на јавниот собир на граѓани во Скопје – протест за пресудата во предметот „Монструм“, биле дел од толпата која со заедничко дејствување сторила насилства кон полициски службеници и други присутни лица.

Обвинетите и други засега непознати лица започнале заеднички да дејствуваат кон полициските службеници, фрлајќи со камења, бекатон плочки, метални шипки и други предмети, во обид да го пробијат полицискиот кордон.

Како резултат на ова, со тешки телесни повреди се здобил новинар присутен на местото на настанот, а повредени биле и 11 полициски службеници.​​

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Роберт де Ниро откри кои му се најомилените актери на сите времиња

Read more

Хроника

Приведено уште едно лице за кражбата на сефот во Црниче

Read more

Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените

Read more

Украле сеф од менувачница во Чаир и побегнале со возило без таблички

Read more

Маж ја нападнал поранешната сопруга на работното место, па ѝ се заканувал со нож

Read more
 

Вести

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Читај повеќе

Приведено уште едно лице за кражбата на сефот во Црниче

Читај повеќе

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Читај повеќе

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Читај повеќе

Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените

Читај повеќе

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Читај повеќе

Спречен атентат врз Зеленски

Читај повеќе

Паднаа акциите на Netflix

Читај повеќе

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Читај повеќе