Мелбурн, 27 октомври 2018 (МИА) – Возачот на Репсол Хонда, Марк Маркез, ја освои пол-позицијата во квалификациите за Големата награда на Австралија.
За Маркез, кој веќе ја обезбеди шампионската титула, ова е петта пол-позиција сезонава.
Втор беше возачот на Мовистар Јамаха, Маверик Вињалес, а на третата позиција заврши Жоан Зарко од Монстер Јамаха.