Свет

Полицајка повредена во престрелка во Минхен

13. јуни 2017 - 11:36 | Макфакс

Неколку лица, меѓу кои и една полицајка, се повредени на железничката станица во Минхен, објави полицијата дополнувајќи дека не се работи за терористички напад.

Набргу по инцидентот полицијата го уапсила осумничениот.

Вооружениот инцидент се случиl на перонот на станицата  Unterfoehring , во североисточното предградие на Минхен. Полицајката побарала од осомничениот документи за идентификација, но тој го извадил пиштолот и почнал да пука.

Коментирај