ЗИМСКИ ТРАНСФЕРИ 2022

Полиција го чува Влаховиќ од гневните навивачи на Фиорентина

Откако на повидок е трансфер на голгетерот Душан Влаховиќ во Јувентус, навивачите на Фиорентина почнаа да му се закануваат на Србинот бидејќи тој е најново име на листата на предавници преминувајќи во нивниот најомразен ривал.

Жителите на Фиренца со цело срце навиваат за својата Фиорентина, а од дното на душата ги мразат Интер и Милан. Но, еден клуб го мразат повеќе од сѐ - Јувентус.

Душан Влаховиќ сезонава блеска во Серија А, но на повидок е да го направи најлошиот можен чекор во очите на навивачите кои досега го поддржуваа - да го следи премерот на Бернардески и Кјеза и да потпише за Јуве.

„Твоите чувари нема да ти го спасат животот, цигану, со тебе е завршено!“

Sky Sport Italia вели дека двата клуба се договориле за отштета од околу 70 милиони евра (вклучувајќи бонуси) кои на клубот од Фиренца добро ќе му дојдат. Но, парите на фирентинците не им значат ништо. Повредена им е честа и гордоста, па почнаа да му се закануваат на Влаховиќ.

Полиција е распоредена пред неговиот дом во Фиренца бидејќи заканите веќе станаа и смртни. Гневот на навивачите го подгреа самиот Влаховиќ кој одби далеку поголеми понуди од Арсенал, Тотенхем и Њукасл, само за да оди во најголемиот крвник на Фиорентина - Јувентус.

Влаховиќ циган смрдлив!

Еден куп банери на оградите и пораки на фасадите осамнаа низ преубавата тосканска престолнина, некои од нив со закани по животот на предавникот, други со навреди. Низ градот и ден денес може да се почувствува предавството на Роберто Баџо од далечната 1990 година, кога имаше дури и немири поради трансферот.

Почитта не се освојува со голови, Влаховиќ смрдлив *гобо!

*Гобо (зајак) е навредлив збор кој се користи за навивачи и играчи на Јувентус.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Димитриевски до Пендаровски: Разликата е огромна, откажете се од оваа битка и оставете нè да победиме во вториот круг

Read more

Силјановска Давкова за убедливото водство: Напати се срамам, зарем е можно толку многу луѓе вака да реагираат

Read more

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Read more

Фудбал

Ел Класико се сели во САД

Read more

Новиот дрес на Милан нè враќа 100 години наназад

Read more

Што го убеди Чави сепак да остане во Барса?

Read more

Јирген Клоп: Извинете

Read more
 

Спорт

Ел Класико се сели во САД

Читај повеќе
  • filter

Новиот дрес на Милан нè враќа 100 години наназад

Читај повеќе

Што го убеди Чави сепак да остане во Барса?

Читај повеќе

Јирген Клоп: Извинете

Читај повеќе

Дали судот ќе одлучува за фантомскиот гол на Јамал?

Читај повеќе

Шпанскиот суд ја замрзна сметката на Пике

Читај повеќе
  • play_arrow

Арсенал ја продолжи борбата за тројната круна со најголемата победа против Челси во својата историја

Читај повеќе
  • play_arrow

Поранешен играч на Реал беше милионер, сега се занимава со необичен бизнис за да преживее

Читај повеќе

Гигантите од Евролигата се против влезот на Дубаи

Читај повеќе