Полицијата ги отвори досега запечатените простории во Собранието

По наредба на Јавен обвинител, полициски службеници предмалку ги скршија печатите и се отворија вратите на прес-центарот во Собранието на Република Македонија.

Во овој простор се одвиваа најголемиот дел од насилните инциденти минатиот четврток, кога толпата се проби во парламентот и нападна дел од пратениците, новинарите и собраниското обезбедување, реагирајќи на изборот на Талат Џафери за нов собраниски спикер.

Полициските претставници не дозволуваат снимање во просторијата на прес центарот додека трае увидот, а новинарските екипи чијашто техника настрада за време на насилствата трепеливо чекаат за да си ги земат своите работи.

Инаку, иако во Собранието се уште не се оддржуваат пленарни седници, атмосферата е вратена „во нормала“, исчистени се просториите и собрани се сите остатоци од искршени предмети од ноќта кога се случуваше хаосот. Како што најави вчера од Брисел спикерот Џафери ќе чека претседателот на државата Ѓорѓе Иванов да му го даде мандатот за формирање на нова влада на лидерот на СДСМ Зоран Заев, а дури потоа ќе закаже седница за избор на влада. Рокот во кој Иванов треба да се изјасни околу давањето на мандатот истекува на крајот на следната недела.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Зошто Александар Македонски не го нападнал Рим туку одел само на исток?

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Македонија

Пендаровски: Понудата на Мицкоски за коалицирање е знак на слабост

Read more

Викендов променливо облачно со локален дожд

Read more

Посебен сообраќаен режим викендов во Скопје поради предизборни митинзи

Read more

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Read more
 

Вести

Пендаровски: Понудата на Мицкоски за коалицирање е знак на слабост

Читај повеќе
  • play_arrow

Силно невреме со поплави во Грција, Волос без струја

Читај повеќе

Големи експлозии во база на проиранската милиција во Ирак

Читај повеќе

Викендов променливо облачно со локален дожд

Читај повеќе

Филмот на Цветановски со награда за најдобар филм во Калифорнија

Читај повеќе

Посебен сообраќаен режим викендов во Скопје поради предизборни митинзи

Читај повеќе

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Читај повеќе

Приведено уште едно лице за кражбата на сефот во Црниче

Читај повеќе

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Читај повеќе