Полицијата го најде 20-годишникот кој канеше на кафе ученичка во Карбинци, не утврдила елементи на кривично дело

Случајот со наводното киднапирање во основното училиште „Страшо Пинџур“ во Општина Карбинци е целосно расчистен, велат од МВР.

Надлежните не утврдиле елементи на кривично дело.

„Веднаш по добивањето на пријавата полициски службеници излегоа на терен, преземени се низа оперативно-тактички мерки и дејствија во координација со Јавен обвинител од штипското обвинителство, извршени се разговори со лица кои биле сведоци на случајот во присуство на родители, но и со претставници на училиштето, а по преземени активности беше пронајден и 20-годишникот со кој беше извршен службен разговор во врска со случајот. Притоа, од сите реализирани дејствија и прибавени докази не се утврдени основи за постоење на кривично-правен настан“, соопштија од министерството за внатрешни работи.

Оттаму информираат дека целокупниот доказен материјал од преземените мерки и активности со соодветно известување ќе биде доставен до надлежното Основно јавно обвинителство и Центарот за социјална работа Штип за нивно понатамошно постапување.

Случајот беше пријавен на 5 декември од страна на директорката на училиштето Наталија Костова, а потоа и потврден од градоначалникот на Карбинци, Виктор Паунов. Тој во изјава за медиумите рече дека „во близина на училиштето застанал темносин голф со затемнети стакла и скопска регистрација. Безбедносните камери го имаат фатено возилото. Од него излегол непознат маж и на случаен ученик му покажал фотографија од ученичка во деветто одделение од неговиот телефон. Му рекол да ја повика. Кога девојчето се доближило, лицето од автомобилот ја поканило да одат на кафе, а ѝ понудил и пари. 13-годишното девојче исплашено истрчало кај директорката бидејќи не го познавала. Во меѓувреме, истиот човек му пришол на ученик од шесто одделение и давајќи му 200 денари се обидел да го намами да влезе во возилото. Го повлекол за јакната, но детето избегало. Директорката повикала полиција, а ученикот парите ги предало на инспекторите“.

Од МВР демантираа уште тогаш, но Паунов реагираше дека демантот бил испратен додека полициските инспектори сè уште сослушувале сведоци.

Во основното „Страшо Пинџур“ во Карбинци учат околу 300 деца.

реклама

Колку треба да пешачите секој ден според возраста за да бидете здрави?

Read more

Русија го казни Google за видеоснимките на кои се гледа како руските војници учат да се предадат

Read more

Кога чешањето на кожата може да биде симптом на рак?

Read more

Скопје завеано во снег, ќе врне и во наредните денови

Read more

Хроника

Полицаец нападнал колега и членови на обезбедување на скопска дискотека

Read more

Тепачка на паркинг во Аеродром, уапсените на возраст од 19 до 27 години

Read more

Убиството во Чаир се случило поради сообраќајна расправија, осомничени се осум лица

Read more

Велешанка во притвор: Каменувала дете, го удрила со нога во стомакот

Read more
 

Вести

Есмералда од Чезаре Пуњи на сцената на Националната опера и балет на 19 февруари

Читај повеќе

Европски градови со најскапа кирија: Во еден цената достигнува над 3.000 евра

Читај повеќе

И ДОМ e против промена на државниот грб

Читај повеќе

Ранливите потрошувачи ќе можат да плаќаат 1.000 денари помалку во месецот за струја, усвоена е програмата

Читај повеќе

Левица: ДПМНЕ гласаше против Законот за бранители да се одблокира

Читај повеќе

Лавров до Западот: Престанете да се мешате во внатрешните работи на Србија

Читај повеќе

Трамп: Очекувам Зеленски да биде вклучен во преговорите

Читај повеќе

За 10 години поддршката за ЕУ намалена за речиси 20%

Читај повеќе

Зелен хуман град: Претседателката да не ги потпишува контроверзните измени на Законот за Урбанистичко планирање

Читај повеќе