Трговскиот центар „Скопје сити мол“ во населбата Карпош сè уште е евакуиран поради дојава за бомба.
Полициски екипи со кучиња-трагачи детално ги пребарува сите простории. Во трговскиот центар повремено се внесуваат еден по еден од вработените во локалите со полициска придружба за да го земат прометот.
Од Министерството за внатрешни работи за МИА изјавија дека до нив е пристигната информација за дојава за поставена бомба по што на терен се испратени екипи од полицијата.
Според очевидци, во трговскиот се вклучени сите аларми и било побарана итна евакуација.