Полицијата го затвори музејот во Меделин посветен на Пабло Ескобар

Колумбиската полиција затвори мал музеј во Меделин, кој го прикажуваше животот и делата на злогласниот шеф на нарко картел, Пабло Ескобар, бидејќи неговите сопственици немаат дозвола за вршење на такви активности, соопштија властите.

Соопштено е дека во музејот имало седум посетители, кога полицијата во средата изврши рација и го затвори музејот.

Музејот, со кого раководеше 71-годишниот брат на Ескобар, Роберто, беше популарна локација на таканаречената „нарко тура“ по Меделин.

Оваа контроверзна туристичка тура ги води посетителите на неколку места кои се поврзани со животот на Пабло Ескобар, меѓу кои се неговата гробница, затворот кој го изгради за себе и луксузната вила која ја бомбардираа неговите непријатели.

Градоначалникот на Меделин, Федерико Гутереш, вели дека таквите тури се легални, но дека не му се допаѓаат бидејќи промовираат „мафијашка култура“.

„Зошто да не зборуваме приказни за жртвите (од трговија на дрога) и да направиме нешто никогаш да не ги заборавиме, наместо луѓето кои предизвикаа толкава штета да ги прикажуваме како легенди“, изјави тој откако објави затворање на музејот.

Гутереш водеше кампања за промена на градската култура, а и од порано се изјаснуваше дека е против телевизиските серии кои се занимаваат со животот на шефовите на нарко картели од Меделин.

Тој од порано оваа година ги изнесе своите планови за рушење на напуштена зграда, која му припаѓаше на Ескобар, како и тоа да ја претвори во парк, кој ќе биде споменик за жртвите од колумбискиот картел, вклучувајќи и стотици полицајци убиени по наредба на Ескобар.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Зошто Александар Македонски не го нападнал Рим туку одел само на исток?

Read more

Живот

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Се разбудивте уморни? Овие намирници ќе ве наполнат со енергија

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Адвокат советува на кое прашање никогаш да не одговарате кога кога ќе ве запре полиција

Read more
 

Магазин

Што навистина значат боите на знамињата на САД, Италија, Германија и Грција?

Читај повеќе

Сезона е на јагоди, направете тирамису од ова овошје и кокос

Читај повеќе

Колку често мажите треба да ејакулираат за да го одржат своето здравје?

Читај повеќе

Рецепт на денот: Ароматично пилешко со зеленчук и рузмарин

Читај повеќе

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Читај повеќе
  • play_arrow

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Читај повеќе

Три причини зошто вежбањето со тегови е клучно за слабеење

Читај повеќе

Психолог предупредува на 6 збора што може да ја уништат врската

Читај повеќе

Натпреварувачка во „Милионер“ запна на прашање за Адам и Ева

Читај повеќе