Македонија

Полицијата продолжува да трага по Груевски, откако не го најде дома

12. ноември 2018 - 20:55 | МИА

Скопје, 12 ноември 2018 (МИА) – Полицијата продолжува да трага по поранешниот премиер Никола Груевски по вечерашните два неуспешни обида да го пронајде  во неговиот дом и да го спроведе на издржување на двегодишната затворска казна за случајот „Тенк“.

Од МВР за МИА велат дека полицијата продолжува да постапува по потерницата распишана по Груевски и дека ќе ја информираат јавноста штом ќе имаат конкретни сознанија.

Потерница од МВР беше распишана на барање на Кривичниот суд, откако Груевски не се пријави во затворот во предвидениот рок.

Во меѓувреме, МВР на веб – страницата ја објави потерницата со фотографија од Груевски.

Кривичниот суд во Скопје попладнево во 16.30 часот достави до СВР Скопје барање за издавање потерница против Груевски, откако изминативе денови судските курири не успеаја да му го достават решението на Советот на судот со кое се одбива неговата жалба во однос на двегодишната затворска казна за  „Тенк“.

Коментирај