Полицијата работи на расчистување на двојното убиство во Старата скопска чаршија

По синоќешното двојно убиство во угостителски објект во Старата скопска чаршија се очекува да бидат објавени дополнителни информации за случајот во кој е повредено и едно лице.

Дежурен јавен обвинител заедно со полициски увидни екипи ноќеска вршеа увид во угостителскиот објект, а после полноќ од локацијата почна повлекувањето на бројните полициски сили што го обезбедуваа местото.

Според првичните информации на Јавното обвинителство, неколку маскирани лица со огнено оружје пукале кон двајцата кои починале на самото место, додека повредениот е пренесен во болница за да му биде укажана лекарска помош.

-Фиксирани се траги на лице место, а јавниот обвинител ги издава сите потребни наредби и насоки со цел да се обезбедат докази кои ќе помогнат за расчистување на настанот и за откривање на идентитетот на сторителите, информираа од ЈО.

Од МВР претходно соопштија дека во СВР Скопје синоќа во 20.11 часот е пријавено дека во угостителски објект во Скопје неколку лица пукале кон Ј. К. и Е.И., кои починале на самото место, и кон А.Т., кој е пренесен во болница за укажување лекарска помош.

Како што изјавија за МИА од Универзитетската клиника за хируршки болести Свети Наум Охридски, едно лице со две прострелни рани е донесено во оваа клиника синоќа во 20:15 часот со приватно возило. Констатирана му е прострелна рана во пределот на левото стапало и поголема рана во пределот на десната потколеница, а по укажаната лекарска помош  е пуштено на домашно лекување.

реклама

Хроника

За една ноќ во Скопје 13 уапсени поради поседување дрога, меѓу нив и малолетник

Read more

Трагична несреќа кај Штип со три загинати лица

Read more

Прегазена 70-годишна жена на улица во Гостивар

Read more

Еден загинат, повеќе повредени во тешка сообраќајна несреќа на патот Охрид-Кичево

Read more
 

Вести

Бујар Османи објави план во 9 чекори за деескалација и нормализација на состојбите во Косово

Читај повеќе

Патот од Љубаниште кон Охрид делумно прооден, сообраќајот се одвива наизменично

Читај повеќе
  • filter

Големи немири во Источна Германија: Се судрија левичарите и полицијата

Читај повеќе

Сигна инспекцискиот наод: Момчето-убиец не било малтретирано од соучениците

Читај повеќе

Претпладне сончево, попладне нестабилно со пороен дожд

Читај повеќе

За една ноќ во Скопје 13 уапсени поради поседување дрога, меѓу нив и малолетник

Читај повеќе

ДУИ: И по 5 години Мицкоски не успева да излезе од сенката на Груевски

Читај повеќе

Во заедничка акција на македонската и грчката полиција запленет 161 кг кокаин во Солун

Читај повеќе

Концерт на пијанистките Мимоза Ќека и Јована Трајчева во Филхармонија

Читај повеќе