Полицијата во Аликанте го пронајде телото на исчезнатиот хрватски фудбалер

Макфакс/Кајгана
/ 04.02.2025 / 12:35

Телото на 24-годишниот хрватски фудбалер Јаков Јелкиќ, кој исчезна во Аликанте, Шпанија, ноќта на 1 февруари e пронајдено во понеделникот попладне во водите на градското пристаниште, објави порталот Información.

Телото е предадено на обдукција, но шпанската полиција верува дека се работи за несреќен случај.

Јаков, кој бил жител на швајцарскиот град Зермат, последен пат бил виден во ноќниот клуб „Upicum“, по што му се губи секаква трага.

Тој беше во Шпанија бидејќи неговиот фудбалски клуб Гранж-Пакот од Швајцарија играше натпревар во Аликанте.

Фудбалерите, во петокот вечерта, биле во споменатата дискотека „Upicum“, а откако ја напуштиле се упатиле кон хотелот. Јаков се вратил во дискотеката бидејќи ја заборавил јакната.

Швајцарските медиуми пишуваат дека пријателите сфатиле дека тој не е во својата соба во саботата наутро. Тоа им било сомнително, па го пријавиле за исчезнат. Полицијата во текот на истрагата успеала да го лоцира младиот човек на снимки од надзорните камери, на кои се гледа како сам оди кон областа Дихитал Дистрикт во пристаништето Аликанте. Токму на тоа место му бил прекинат сигналот од мобилниот телефон.

Следното утро полицијата го пронашла телото на Јаков на длабочина од околу 2 метра, на крајот од пристаништето.

Во вторник во Институтот за правна медицина во Аликанте ќе биде извршена обдукција за да се утврди дали е точна теоријата дека младиот човек починал од давење по несреќен пад.

реклама

Неодлучни се: Хороскопски знаци што не си веруваат ни себеси

Read more

Колку често треба да практикувате празнење: Редовното празнење на дебелото црево е важно за здравјето

Read more

Зошто никогаш не треба да ги миете мрсните тави со топла вода?

Read more

Ништо нема да оди како што треба: Знаци на кои не им се пишува добро во февруари

Read more

Фудбал

Ван Нистелрој бесен на судиите: Не бевме поразени во Фергиево време туку во офсајд

Read more

Марсело замина во пензија

Read more

УЕФА сака да ги укине продолженијата во европските купови

Read more

Станиќ: Мораме да бидеме позитивни и покрај исклучително тешката група

Read more
 

Спорт

Бринзи Џонсон од суспензија за допинг до светско злато

Читај повеќе
  • play_arrow

Ван Нистелрој бесен на судиите: Не бевме поразени во Фергиево време туку во офсајд

Читај повеќе

Откриени платите на Ф1 возачите за оваа сезона, разликите се огромни

Читај повеќе
  • play_arrow

Марсело замина во пензија

Читај повеќе

УЕФА сака да ги укине продолженијата во европските купови

Читај повеќе

Станиќ: Мораме да бидеме позитивни и покрај исклучително тешката група

Читај повеќе

Хамилтон на заминувањето од Мерцедес на секој од 3.000 вработени му дал ист подарок

Читај повеќе
  • play_arrow

Нејмар по 12 години заигра за Сантус: Противниците го испотепаа, па се фотографираа со него

Читај повеќе

Фудбалерите до 21 година добија тешка квалификациска група

Читај повеќе