Мотори

Полицијата во Дубаи ќе користи летачки мотоцикли

8. ноември 2018 - 17:56 | Б.С.Б.

Во блиска иднина полицајците во Дубаи ќе се возат во летачки мотоцикли. Компанијата Hoversurf го претстави новиот летачки мотоцикл на саемот на технички достигнувања во Дубаи, пренесува CNN.

Компанијата се врати со нов модел и докази дека нивното електрично возило за полетување и слетување може да се користи во секојдневниот живот. Hoversurf ѝ подари на полицијата во Дубaи летачки мотоцикл S3 2019 и започна обука за полициски службеници.

Според полицијата, возилото би се користело за тешко пристапни зони, а би стапило во употреба до 2020 година.

Доколку вие сакате ваков мотоцикл треба за него да одвоите 150.000 долари.

Коментирај