Полициски час нема да има ефект за време на новогодишните празници, смета Филипче

Скопје, 8 декември 2020 (МИА) – Министерот за здравство Венко Филипче смета дека полициски час нема да има ефект за време на новогодишните празници и апелираше да се почитуваат мерките. Најави дека ќе дискутираат за евентуална дополнителна рестрикција во однос на работното време на места каде што може да се собираат луѓе.

-Мислам дека полициски час нема да има ефект за време на новогодишните празници. Зошто? Заради тоа што веќе имаме така добро димензионирани мерки, доколку се почитуваат даваат резултати и тоа впрочем се случува. Ние гледаме намалување на факторот на преносливост, на бројот на болниците во однос на тоа што беше на почетокот и првата половина на ноември. Но, евентуална дополнителна рестрикција во однос на работното време на места каде што може да се собираат луѓе тоа е тоа за што ќе дискутираме, изјави денеска Филипче во емисијата „Магазин“ на ТВ Сител.

Прашан за лекувањето, министерот Филипче посочи дека имало претпоставка оти многу лекови помагаат за оваа болест.

-Многу лекови беше претпоставка дека помагаат за оваа болест. Прво, многу е битно да се знае дека нема еден специфичен лек којшто помага само за овој тип на коронавирус, односно за COVID-19 и се што значи лекување е практично комбинација на лекови коишто биле креирани за други болести, на пример за ебола тој лек итн., а коишто се даваат врз основа на клиничката слика, односно манифестацијата на болеста. Осумдесет отсто од пациентите имаат лесна клиничка слика, меѓутоа тие што имаат комплицирана имаат навистина тип на клиничка слика или комбинација на презентација од страна на повеќе органски системи каде што досега не се видело. И во таа смисла јасно е како се одредуваат, кои се постапките како еден лек се утврдува дека е за една болест, клинички студии итн, изјави Филипче.

Министерот за здравство вели дека тешко е да се каже што можеме да очекуваме во периодот којшто е пред нас. Потсети на првичните предвидувања дека ќе трае колку една респираторна епидемија, па дека ќе го снема вирусот за време на летните месеци и додаде оти тоа не се оствари.

Филипче нагласи дека задача и цел на сите здравствени системи, како и на нашиот, е да бидат подготвени да пречекаат голем број на пациенти со COVID-19 за да може да се хоспитализираат. 

– Тоа е целта, да бидеме спремни за тоа што не бевме спремни, сега го спремивме системот, се реорганизиравме целосно да обезбедиме болнички кревети, кадар со соодветна експертиза, да има доволно лекови и ние тоа го правиме, рече Филипче.

Министерот за здравство посочи дека слободни кревети има во секој момент.

– Апсолутно за секој пациент на којшто му е потребна хоспитализација има слободно место. Но, точно е дека видовме одреден број на пациенти коишто доцна доаѓаат во болница. Имавме случаи во коишто имале јасни предупредувања и индикација од матичните лекари дека е потребна хоспитализација, едноставно не доаѓаат луѓето на прием во болница. Понатаму, луѓе коишто дури доцна доаѓаат и кај матичниот лекар. Луѓе со сатурација на кислород од 20-30, а нормално треба да е над 96-97 на првиот ден, вели Филипче, додавајќи дека уште има луѓе кои не веруваат во постоењето на вирусот. 

реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

Едно цвеќе е идеално за балконите кои повеќе се во сенка

Read more

Симптоми на висок крвен притисок кои се јавуваат за време на спиењето

Read more

Македонија

ССМ повика на првомајски протест со барања до новата влада

Read more

УЈП: До 26 април продолжен рокот за поднесување на ДДВ-04 пријавите

Read more

ДИК објави упатство за гласање на претседателските избори

Read more

Инспекторатот ќе контролира дали рабодавачите ја почитуваат владината одлука за неработен ден

Read more
 

Вести

Москва: Западот им го прави на Украинците она што им беше направено на домородните Американци

Читај повеќе

Мотоциклист удрил во пешак на Партизанска, двајцата повредени

Читај повеќе

ССМ повика на првомајски протест со барања до новата влада

Читај повеќе

Европскиот парламент одобри визна либерализација за Србите од Косово

Читај повеќе

УЈП: До 26 април продолжен рокот за поднесување на ДДВ-04 пријавите

Читај повеќе

Фон дер Лајен: ЕУ мора да почне да користи приватен капитал

Читај повеќе

ДИК објави упатство за гласање на претседателските избори

Читај повеќе

Инспекторатот ќе контролира дали рабодавачите ја почитуваат владината одлука за неработен ден

Читај повеќе

Украинците удрија на Путиновата флота - онеспособен најстариот морнарички брод во светот

Читај повеќе