Авто новости

Полициски сон: BMW M5 Competition

16. јули 2019 - 13:26 | А.С.

Обединетите Арапски Емирати ја имаат најипресивната флота полициски автомобили, од Renault Twizy до Porsche 918 Spyder, но и австралиската полиција има со што да се пофали.

Во нејзината флота веќе ги има FPV GT RSPEC, Audi RS4 Avant и Mercedes-AMG GLE 63 S Coupe, а сега им се придружува и BMW M5 Competition.

M5 Competition влегува во служба заедно со останатите примероци на моделот 530d на BMW и стана најновиот адит на полицијата во Викторија.

Дефинитивно се работи за најбрзиот полициски автомобил што од 0 до 100 км/ч забрзува за 3,3 секунди и достигнува максимални 305 мк/ч.

Австралиската полиција не го купи, туку го доби на едногодишна позајмица, така што австралиските даночни обврзници немаат причина за загриженост дека скапо го плаќаат овој полициски сон.

BMW M5 Competition има 4,4-литарски твин турбо V8 мотор што дава моќност од 617 коњски сили, со максимален вртежен момент од 750 Nm.

Коментирај