Полициски возен парк од соништата

На изложбата на полициска опрема и возила во Франкфурт, Mercedes ја претстави новата генерација патролни возила во која за прв пат во полициски бои е офарбан пикапот од X класата на германскиот производител.

Покрај него, полициски верзии добија и неколку модели од актуелната гама на Mercedes, вклучувајќи возила што се економични и помалку ја загадуваат животната средина.

Кога станува збор за X класата, на полицијата ѝ се нуди варијанта со погон 4х4, за подобри перформанси за полициските активности што се обавуваат во теренски услови на возење.

Меѓу полициските Mercedes воила се и Sprinter и Vito, како и караванот од E класа со четирицилиндарски „дизелаш“ за кој производителот вели дека има мала потрошувачка.

Полициската Е класа е опремена со бројни безбедносни системи, како автоматско кочење во случај на опасност, предупредувања за судир и детекција на пешаци на патот.

Едно од новите еколошки прифатливи полициски возила ќе биде хибридниот Mercedes GLC 350e 4Matic што на пократки релации во градски услови може да вози само на електричен погон.

На тој начин се штеди на гориво и помалку се загадува средината во урбаните средини со густа населеност.

реклама

Авто новости

Tesla го претстави обновениот Model 3 Performance со 517 КС

Read more

Забрзување кон иднината: Македонска премиера на новиот Porsche Taycan

Read more

Xiaomi со амбициозна цел: 100.000 испорачани SU7 во 2024 година

Read more

Не е грешка: Dacia Duster носи ознаки на Renault

Read more
 

Автомобили

  • filter

Tesla го претстави обновениот Model 3 Performance со 517 КС

Читај повеќе
  • filter

Забрзување кон иднината: Македонска премиера на новиот Porsche Taycan

Читај повеќе

Xiaomi со амбициозна цел: 100.000 испорачани SU7 во 2024 година

Читај повеќе
  • filter

Не е грешка: Dacia Duster носи ознаки на Renault

Читај повеќе
  • filter

Defender Octa: Тенк на терен, ракета на пат

Читај повеќе

Новиот хиперавтомобил на MG забрзува до стотка за 1,9 секунди

Читај повеќе
  • filter

Врвна прецизност и динамика: претставен новиот Cayenne GTS

Читај повеќе

Дали амонијакот може да биде алтернатива на фосилните горива?

Читај повеќе

Богати до небо: Колку заработува автомобилската индустрија?

Читај повеќе