Полицискиот час го прекршиле вкупно 4.783 граѓани, 816 во моментов се во државен карантин

Од 22 март кога беше воведена, заклучно со денес вкупно 4.783 граѓани не ја почитувале забраната за движење (полицискиот час), а од нив 3.110 се приведени од полицијата. Досега од МВР вкупно се понесени 2.630 кривични пријави за 3.137 дела против 3.412 сторители. Најголем дел од нив се од подрачјето на СВР Скопје и од СВР Битола, а најдисциплинирани биле граѓаните кои се под СВР Велес и СВР Куманово, соопшти министерот за внатрешни работи Наќе Чулев.

Во однос на почитување на мерките за изолација и самоизолација, поднесени се 127 пријави за 150 кривични дела против 169 сторители, а за обврската за носење лична заштита досега се констатирани вкупно 1.973 прекршоци.

Од почетокот на епидемијата досега 5.030 лица се спроведени во државен карантин, а во моментов 816 лица се сместени во 11 објекти. Во Скопје – во хотелите Амбасадор, Ибис, ВИП, Опера хаус и Средно Водно, на Попова Шапка – во хотелите Славеј и Арена, во Маврово – во х. Макпетрол, во Охрид – во  апартмани Лукс и Климетица, во Струга – во х. Дрим и во Велес  – во х. Монтенегро.

Хуманитараните летови со кои граѓаните се враќаат во земјава, рече Чулев, се под надлежност на МНР, но информиран е дека преку Софија организирано треба да стигнат 26 лица, а на 30 мај од Саудиска Арабија преку Тирана треба да стигнат 30 македонски државјани.

Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика во изминатиот период постапувал по 57 настани за говор на омраза поврзани со COVID-19 и по оваа основа до ОЈО се поднесени 33 известувања и две кривични пријави.

Во врска со случаите на семејно насилство во периодот на полициски час, Чулев соопшти дека од 12 април до 12 мај 2020 МВР има поднесено пријави за 85 кривични дела семејно насилство, од кои најмногу под надлежност на СВР Скопје, Охрид и Струмица. Дополнително, има и 49 прекршоци против 54 сторители, како и констатирани 373 поплаки од граѓани за семејно насилство. Тоа, рече Чулев, е зголемување за 44,6 отсто во однос на поплаките во истиот период минатата година. Од друга страна, ограниченото движење придонело за околу 40 проценти намален број сообраќајни несреќи особено со тешки последици.

Чулев на прес-конференцијата истакна дека и покрај намалувањето на рестриктивните мерки насочени кон справување со пандемијата, не треба да се заборави дека вирусот е сè уште присутен во нашата земја и, како што рече, не ни дозволува нашето секојдневно живеење целосно да се врати во нормала.

-Затоа апелирам да го задржиме потребното ниво на одговорност и дисциплина и да ги почитуваме мерките и одлуките на Владата за задолжително користење лична опрема, за групирање и држење физичка дистанца. МВР останува посветено на контрола на овие одлуки на Владата и заштита на здравјето и животот на граѓаните, рече Чулев на прес-конференцијата на која им заблагодари на граѓаните за одговорното однесување и за придонесот на полицијата во справување со пандемијата.

МВР беше ангажирано во контрола за спроведување на одлуки на Владата, контрола на лицата во изолација и самоизолација, обезбедување на државните карантини, спровод на лицата кои се враќаат со хуманитарни конвои. Поради сите обврски, ресорниот министер побара од Владата припадниците на полицијата да бидат парично наградени. 

реклама

Тешки последици кои пациентите со COVID-19 ги чувствуваат месеци по оздравувањето

Read more

Охрабрувачки бројки на заразени од COVID-19 по „црната рекордна недела“

Read more

Што се случува кога по втор пат ќе се заразиме со коронавирусот?

Read more

Наја Ривера официјално прогласена за мртва, се исклучува можноста за убиство или самоубиство

Read more

Македонија

Правото на глас го оствариле 7.861 болни и немоќни, 234 лица во домови и 1.235 затвореници

Read more

Зибери: Не сум позитивен на COVID-19, утре ќе гласам во 10 часот

Read more

ССМ: 15 јули неработен ден за сите работници, ако се работи да се пријави во ДИТ и да се исплати надомест

Read more

135 новозаразени, 4 починати и 142 оздравени

Read more

Вести

Правото на глас го оствариле 7.861 болни и немоќни, 234 лица во домови и 1.235 затвореници

Читај повеќе

Од коронавирусот во светот починаа 3.000 здравствени работници

Читај повеќе

Дневен преглед на состојбата со COVID-19 во светот

Читај повеќе

Зибери: Не сум позитивен на COVID-19, утре ќе гласам во 10 часот

Читај повеќе

ССМ: 15 јули неработен ден за сите работници, ако се работи да се пријави во ДИТ и да се исплати надомест

Читај повеќе

Аја Софија останува отворена за посетители кога ќе нема молитви

Читај повеќе

135 новозаразени, 4 починати и 142 оздравени

Читај повеќе

ЦИВИЛ: Кршење на изборниот молк и други изборни нерегуларности

Читај повеќе

Кокино добива нови патоказни и информативни табли

Читај повеќе