Полицискиот час нема да важи за патниците кои доаѓаат или заминуваат од меѓународните аеродроми

Скопје, 9 март 2021 (МИА) – На денешната седница на Владата донесена е одлука за забрана за движење на населението и на возила од јавен превоз на територијата на Република Северна Македонија, во временски период од 22:00 часот до 05:00 часот наредниот ден, почнувајќи од 10 март 2021 година (среда) до 22 март 2021 година (понеделник).

Одлуката за забрана за движење не важи за патниците што доаѓаат или заминуваат од меѓународните аеродроми, кои за време на полицискиот час како дозвола за движење ќе им се признаваат авионските карти. Оваа отстапка е иста и за патниците во меѓународниот превоз на патници, појасни на неговиот Facebook профил министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

– За транспортерите на лица и на стока кои транспортот го спроведуваат за време на забраната за движење, како дозвола ќе се прифаќа патниот налог, додека транспортерите што транзитираат ќе имаат обврска најмногу за 3 часа да ја напуштат земјата од еден на друг граничен премин.

Надлежните служби на граничните премини ќе ги пропуштат патниците кои со лични возила ја напуштиле земјата пред воведувањето полициски час, при што ќе се спроведуваат и до сега активните мерки за задолжителен ПЦР тест за оние што доаѓаат од оние земји за кои оваа постапка е задолжителна, образложи Спасовски.

Со заклучок на оваа седница на Владата, Министерството за информатичко општество и администрација, е задолжено да објави соопштение со кое ги известува граѓаните и економските оператори дека се обновува важноста на веќе издадените дозволи издадени за време на претходните одлуки за забрана за движење.

– Министерството за информатичко општество и администрација ќе им ги преиздаде решенијата за слободно движење на оние кои во меѓувреме ги загубиле дозволите, како и за оние кои имаат дополнителни барања за дозволи за движење врз основа на доказ за неопходноста на тоа барање.

Отстапки од забраната ќе има и за сите граѓани кои за време на забраната за движење имаат потреба од итна медицинска грижа и за слободно движење оваа потреба ќе треба да ја најават на службата 192 на телефонот на Министерството за внатрешни работи. За дополнителните исклучоците во однос на забраната и посебниот режим на движење на населението и возилата доколку има потреба ќе ги утврдува Главниот координативен кризен штаб за обезбедување целосна координација во врска со спречување на внесување и ширење на Коронавирус КОВИД-19, во соработка со надлежните органи на државната управа, објави министерот Спасовски.

Со оваа одлука на Влада се опфатени и сите домашни и странски физички лица, патници од земјите од Афричкиот континент, кои влегуваат на граничните премини на територијата на Република Северна Македонија, задолжително ќе се упатуваат во 14-дневна домашна изолација (карантин).

За сите видови групни или индивидуални патувања, патниците од земјите од Африка кои транзитираат низ територијата на Република Северна Македонија, задолжително ќе биде потпишувањето на Изјава за транзитирање, напиша Спасовски на неговиот Facebook профил.

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Македонија

Мицкоски на чист бугарски јазик му кажа на Борисов дека го поддржува договорот, рече Пендаровски во Виница

Read more

Променливо облачно и посвежо време, температури до 18°C

Read more

Ванковска: Ние трчаме маратон, нас не нè задоволува фотелја и позиција, ние имаме кауза

Read more

Мицкоски: „Платформа 1198″ е светилник на надежта, најдобрата изборна програма досега

Read more
 

Вести

ЕУ смета дека Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје

Читај повеќе
  • play_arrow

Мицкоски на чист бугарски јазик му кажа на Борисов дека го поддржува договорот, рече Пендаровски во Виница

Читај повеќе

Tesla отпушта 300 работници во фабриката кај Берлин

Читај повеќе

Променливо облачно и посвежо време, температури до 18°C

Читај повеќе

Ванковска: Ние трчаме маратон, нас не нè задоволува фотелја и позиција, ние имаме кауза

Читај повеќе
  • play_arrow

Мицкоски: „Платформа 1198″ е светилник на надежта, најдобрата изборна програма досега

Читај повеќе

САД ставија вето на приемот на Палестина во ОН

Читај повеќе
  • play_arrow

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Читај повеќе

Украле сеф од менувачница во Чаир и побегнале со возило без таблички

Читај повеќе