Полицискиот час за време на викенд ќе се дискутира утре

Министерот за здравство Венко Филипче ја одржа редовната прес-конференција на која информираше за ситуацијата со COVID-19.

Како што беше претходно објавено, денеска се регистрирани 33 нови случаи и тоа во: Скопје-11, Куманово-2, Штип-1, Прилеп-5, Тетово-2, Велес-9, Битола-2, Крива Паланка-1. Регистрирани се 22 оздравени пациенти.

„Денеска имаме скок на новодијагностицирани пациенти, а ова ќе го следиме. Ова се резултати од 1 ден и не можеме ништо да заклучиме од нив. Имавме слични сценарија со голем број на новозаразени, а некои денови значително мал. Ќе носиме заклучоци на што се должи оваа бројка и ќе ја известиме јавноста“, извести министерот.

На новинарско прашање дали ќе се укине полицискиот час бидејќи сите земји во регионот го укинаа и дали ќе почнат со работа угостителските објекти од наредната недела, министерот одговори дека утре ќе се дискутира за тоа како ќе биде регулиран полицискиот час за време на викендот бидејќи се следи бројот на новозаразени што е критериум за олабавување на мерките.

На утрешниот состанок дискусија за олабавување на полицискиот час за време на викенд, а во сабота за тоа што и на кој начин ќе се олабават мерките, изјави министерот.

Засега остануваат на сила сите мерки и апелирам сите граѓани да ги почитуваат.

Центарот за ЈЗ и Институтот за ЈЗ го завршија планот за скринингот кој треба да почне наредната недела, некаде околу 400-500 тестови ќе се прават според индикациите на ризични групи на граѓани. Преку матичните лекари и матичните стоматолози ќе се врши закажувањето за овие брисеви, вели Филипче.

„Ќе бидат опфатени вработени здравствени работници, работници во градинките и вработени во домови за стари лица, во прва фаза, понатаму вработени во јавни служби, таксисти, припадници на полицијата, вработени во ЈСП, пациенти кои треба да примаат терапија  за да се намали ризикот и да се откријат асиптоматски случаи“.

Со скрингот ќе бидат опфатени вработените во градинките бидејќи мора да има место каде децата ќе се чуваат за да бидеме осгирурани дека нема да има асиптоматски случаи, потенцираше Филипче.

Remote video URL
реклама

Македонија

Јакимовски призна пораз, ѝ честиташе водство на Сиљановска и ѝ поска среќа во вториот круг

Read more

Ванковска: Необично е да гласаш за себе, но со тоа ја изразив убеденоста во она што го говорам

Read more

Силјановска Давкова: Дојде време, дојде час, да си замине оваа власт

Read more

Одзивот до 19 часот е 48,44 отсто, во Новаци на гласање излегле рекордни 71,07 отсто од гласачите

Read more
 

Вести

Јакимовски призна пораз, ѝ честиташе водство на Сиљановска и ѝ поска среќа во вториот круг

Читај повеќе

Ванковска: Необично е да гласаш за себе, но со тоа ја изразив убеденоста во она што го говорам

Читај повеќе

Силјановска Давкова: Дојде време, дојде час, да си замине оваа власт

Читај повеќе

Одзивот до 19 часот е 48,44 отсто, во Новаци на гласање излегле рекордни 71,07 отсто од гласачите

Читај повеќе

Муцунски: Овој изборен ден е почеток на крајот на оваа власт

Читај повеќе

Левица: Проблеми со фингерпринтот во Куманово, Ѓорче Петров, Аеродром, доцнење на гласачкиот процес и нерегуларности во избирачкиот список

Читај повеќе

Европски фронт: Очекуваме голема, историска победа, тоа го потврдуваат информациите од терен

Читај повеќе

Две лица од Скопје го искинале гласачкото ливче, неколкумина го фотографирале

Читај повеќе
  • filter

Максим Димитриевски: Народот одлучува за иднината на Македонија

Читај повеќе