Полицискиот синдикат бара од Чулев итни мерки за заштита на полицајците и 20 отсто поголема плата за март и април

Македонскиот полициски синдикат го повикува министерот за внатрешни работи, Наќе Чулев веднаш да преземе засилени мерки и активности за заштита на полициските службеници на терен кои се секојдневно дирекно изложени на опасност од зараза со коронавирусот.

Синдикатот воедно апелира, министерот Чулев, следејќи го примерот со најавеното покачување на платата на најизложените здравствени работници во борбата против COVID-19, за 20 отсто за март и април да ја покачи платата и на полициските службеници кои исто така несебично вложуваат натчовечки напори да ја одржат ситуацијата со ширењето на заразата под контрола.

-Од денеска не смее да се дозволи ниту еден вработен во МВР да биде испратен на терен без соодветна заштитна маска, ракавици и средство за дезинфекција, бидејќи полициските службеници како никогаш до сега им се потребни на граѓаните. Итно бараме да бидат преземени минимум следните мерки и активности: преку службите за општи и заеднички работи до сите организациски единици во Министерството за внатрешни работи кои при вршењето на редовните работни задачи се во директен контакт со странки, редовно и навремено на колегите да им бидат доставени заштитни маски, гумени ракавици чие носење ќе биде задолжително и истите да бидат задолжувани при секое заминување на работа, пред сите поголеми ОЕ на МВР да се постават пунктови за дезинфекција на службените возила, како и да се врши вонредна дезинфекција на сите простории во кои престојуваат и работат колегите, наведува Синдикатот.

Македонскиот полициски синдикат апелира и до колегите максимално да се придружуваат до мерките за заштита од COVID-19.

реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

Полната Месечина во Скорпија на 24 април ќе направи хаос

Read more

Научници открија која храна го зголемува ризикот од рак

Read more

Македонија

Извештај за човекови права во Македонија на Стејт департментот: Недоверба кон судството, насилства кон ЛГБТ заедницата и поткопана слобода на изразување

Read more

Одрони на неколку патни правци

Read more

Нема да има работни саботи за учениците, МОН донесе нова одлука

Read more

ССМ повика на првомајски протест со барања до новата влада

Read more
 

Вести

Макрон и Идалго ќе пливаат во Сена за да го докажат добриот квалитет на водата за Олимпијадата

Читај повеќе

Кореец уби 76 мачки, почнал да ги мрази оти му го изгребале автомобилот

Читај повеќе

Стејт департмент: Властите во Бугарија продолжија да негираат регистрација на етничко-македонски активистички групи

Читај повеќе

Извештај за човекови права во Македонија на Стејт департментот: Недоверба кон судството, насилства кон ЛГБТ заедницата и поткопана слобода на изразување

Читај повеќе

Одрони на неколку патни правци

Читај повеќе

Нема да има работни саботи за учениците, МОН донесе нова одлука

Читај повеќе

Уапсен ученик во основно училиште во Влае: Кршел инвентар, физички нападнал соученици и двајца наставници

Читај повеќе

Москва: Западот им го прави на Украинците она што им беше направено на домородните Американци

Читај повеќе

Мотоциклист удрил во пешак на Партизанска, двајцата повредени

Читај повеќе