Авто новости

„Полициско“ Audi со 530 коњски сили - лета со 300 км/ч

2. декември 2019 - 10:01 | А.С.

Секоја година една германска тјунинг компанија ја претставува својата преработка на спортски автомобил во боите на германската полиција како дел од кампањата Tune it! Safe! за безбедност во сообраќајот.

Лани тоа беше моделот BMW i8, а годинава полициската „униформа“ ја носи Audi RS4.

Оваа тјунирана ѕверка може да се види на Саемот во Есен до 8 декември.

Мајсторите на германската тјунинг компанија Abt Sportsline се одговорни за преработката на ова спортско Audi.

За почеток, моќноста на моторот е зголемена за 80 коњски сили и 90 Nm, на конечни 530 КС и максимален вртежен момент од 690 Nm.

Во сериското издание ова Audi постигнува забрзување од 0 до 100 км/ч за 4,1 секунди, а максималната брзина му изнесува 280 км/ч.

По тјунирањето забрзува до „стотка“ за помалку од 4 секунди и лета со максимални 300 км/ч.

За полицискиот дизајн беа задолжени Foliatec и Hella.

Коментирај