Свет

Политиката на пауза: Лидерите на НАТО го гледаа мечот Хрватска-Англија на мобилен

12. јули 2018 - 15:54 | А.С.

Фудбалот е најважната споредна работа на светот и тоа повторно се потврди, овојпат на самитот на НАТО во Брисел.

Лидерите на светските сили синоќа секоја пауза на самитот ја користеа да го гледаат полуфиналниот меч од Светското првенство меѓу Хрватска и Англија .

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган, албанскиот премиер Еди Рама, шефицата на британската влада Тереза Меј и германската канцеларка Ангела Меркел искористија една од паузите заедно да фатат нешто од историскиот натпревар и заинтересирано зјапаа во екранот на еден мобилен телефон во завршницата од возбудливиот полуфинален меч во кој хрватската репрезентација се избори за пласман во финалето во Русија.

Албанскиот премиер објави видео на кое се гледа дека ни шефот на турската типломатија Мавлут Чавушоглу не можел да оддолее да не се приклучи на „фудбалскиот круг“ на самитот во седиштето на НАТО.

Чавушоглу се пофалил дека главен судија на мечот е Турчинот Џунејт Чакир, а Рама на крајот на мечот ја тешел британската премиерка Меј и ѝ рекол дека пехарот на светските прваци „доаѓа на Западен Балкан“.

Коментирај