Во Даблин на 2 декември ќе се одржи ждребот за квалификации за Еуро 2020 што за прв пат во историјата ќе се игра во дури 10 држави.
УЕФА објави кои репрезентации нема да се најдат во исти групи.
Репрезентацијата на Косово нема да може да игра ни со Босна и Херцеговина, ни со Србија, Ерменија со Азербејџан, Гибралтар со Шпанија и Украина со Русија.
УЕФА одамна ја применува праксата да ги штити меѓусебните односи на државите со затегнати политички односи и секоја средба со висок ризик нема да може да се одигра.