Авто новости

Политиката вмеша прсти: Ништо од партнерството на Fiat со Renault

6. јуни 2019 - 12:56 | К.З.

Само една недела откако официјално испрати понуда за партнерство со Renault, италијанско-американската компанија Fiat-Chrysler ја повлече понудата и ги откажа преговорите. Конечната одлука се должи на неодлучноста на членовите од управниот одбор на Renault во врска со договорот.

Компанијата Renault соопшти дека не можела да постигне договор бидејќи претставниците на француската влада, која поседува најголем акционер во компанијата со 15% удел, побарале одложување.

Пред крајот на месец мај Fiat-Chrysler направи понуда од околу милион долари за потпишување партнерски договор и спојување со Renault, која ја опиша како „трансформативен предлог“ со кој би креирале глобален автомобилски лидер.

„Јасно е дека во Франција не постојат политички услови за таквата комбинација да биде успешна. Сепак, остануваме цврсто убедени во предлогот и користа која можат да ја извлечат двете страни од партнерскиот договор“, наведуваат од Fiat-Chrysler.

Како што беше наведено во предлогот, спојувањето на Renault и Fiat-Chrysler би им овозможило на двете компании да ги делат оперативните трошоци, но и да заедно да развиваат нови идеи и производи, посебно на полето на електричните возила.

Освен француската влада, голем удел во акциите на Renault има и јапонскиот Nissan, поради што претставниците на владата од јапонската компанија побараа поддршка за спојување со Fiat, но Nissan беше воздржан, па француската влада побара одложување на договорот.

Коментирај